Дома Фудбал Останато Скандал во Кина поради расизам: Во центарот на виманието поранешниот напаѓач на Челзи (видео)

Скандал во Кина поради расизам: Во центарот на виманието поранешниот напаѓач на Челзи (видео)

demba ba

Изминатиот викенд беше одиграни 16-то коло од кинеската прва лига, а најголемо внимание привлече натпреварот помеѓу Чангчун Јаталија и Шангај Шенуоха, за жал не по фудбалските вештини на фудбалерите…

Во ценатарот на виманието беше поранешниот играч на Челзи и Бешикташ, Демба Ба кој целосно полуде откако противнички играч го навредуваше на расна основа.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Имено, во 77 минута Демба Ба направи прекршок на Тан Тианчег, поради тшо следуваше кратка расправија помеѓу играчите која набрзо беше и прекината.

Меѓутоа, иако изглдаше дека се се смири, проблемите што туку настанаа. Додека голманот на Чангчун се припремаше да ја врати топката во игра на центарот дојде до жестока расправија помеѓу Демба Ба и Жанг Ли бидејќи наводно Жанг на поранешниот играч на Челзи му се обратил со зборовите: „Ти си црнец“.

Дека нешто се случувало потврдија и на официјалната страна на клубот на напаѓачот.

„Демба Ба е навредуван на расна основа од страна на играчот на Чангчун, Жанг Ли. Сојузот би требало веднаш да превземе сериозни мерки“, стои на официјалниот Твитер профил на кинескиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…