Италијанската ТВ станица „RAI Sport“ градското дерби помеѓу Јувентус и Торино го емитуваа без коментатор.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Телевизијата ваквиот потег го направи во знак протест што за прв пат во историјата нема да ги пренесува натпреварите за Светското првенство.
Правата за 64 натпревари на Светското првенство ги доби „Медијасет“, а за истите плати 93 милиони долари. Иначе, тоа е најголемата комерцијална телевизија во Италија која е во сопственст на поранешниот сопственик на Милан, Силвио Берлускони.
„Сметаме дека е неприфатливо спортот да биде достапен само за оние кои ќе можат да платат и да си го дозволат. Сакаме спортот да биде достапен за секого. Се извинуваме поради непријатностите, меѓутоа ова е неопходен потег. Граѓаните имаат право бесплатно да го гледаат најголемиот спортски настан“, порачаа новинарите на оваа телевизија.