Германското правосудство покрена истрага против сегашни и поранешни членови на раководството на Баерн Минхен поради платите во клупскиот Центар за млади таленти, пренесуваат германските медиуми.
Меѓу нив се спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ и шефот на одборот Оливер Кан и поранешниот претседател Карл-Хајнц Румениге.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Германскиот WDR известува дека тие се осомничени за потенцијално прекршување на законот кога станува збор за минималната плата во младинската школа во Баерн.
Некои тренери дале изјава дека работеле над десет часа дневно како дел од работа за која биле платени 450 евра.
Бидејќи Баерн Минхен е акционерско друштво, вообичаено е истрагите да бидат насочени кон членовите на управата, а поединечната вина може да се утврди со дополнителна истрага.
Предмет на истрага ќе бидат и заменик претседателот Јан-Кристијан Дресен, членот на управата Андреас Јунг и Јорк Вакер кој во септември годинава го напушти управниот одбор на Баерн.