Дома Фудбал Германија СКАНДАЛ: Бесниот Рибери претепал новинар!

СКАНДАЛ: Бесниот Рибери претепал новинар!

Ѕвездата на Баерн Минхен, Франк Рибери е во центарот на голем скандал кој се случил по мечот со Борусија Дортмунд.

„Милионерите“ му нанесоа нов пораз на Баерн Минхен, а тоа веројатно најтешко му паднало на Рибери, кој по мечот физички нападна францускиот новинар, Патрик Гију.

Германски „Билд“ пишува дека Французинот го нападнал својот сонародник со три шлаканици, додека овој се обидувал да земе негова изјава.

„Рибери излегуваше од стадионот и тргна кон автобусот кога Гију му пријде за изјава. Франк почна да го навредува, а потоа му залепи три шлаканици и го оттурна“, пишува Билд.

Гију не сакал да и се спротивстави на навредената ѕвезда, а потежок инцидент спречиле Рафиња и поранешниот фудбалер на Баерн, Жан-Пјер Папен. Инцидентот го потврди и спортскиот директор на клубот Хасан Салихамиџиќ кој најави состанок со новинарот за да се реши случајот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Јувентус има нов голман

Бразилскиот фудбалски голман Норберто Нето потпиша договор со Јувентус кој важи до крајот …