Португалското правосудство официјално поднесе тужба против фудбалскиот клуб Бенфика за корупциски дела извршени во периодот од 2016 до 2019 година, за местење натпревари.
Во прв план на тужителите се поранешниот претседател Луис Фелипе Виера и неговиот правен советник Паул Гонсалвеш, но во целата истрага се вклучен и поранешни директори на Виторија Сетубал.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Споменатите се првообвинети за корупција, даночна измама и местење на фудбалски натпревари, а во прв план се два одиграни натпревари меѓу двата клуба.
„Ќе се браниме од овие неосновани обвинувања. Бенфика и нејзините адвокати темелно ќе ги анализираат обвинувањата за кои беа информирани денеска“, се вели во соопштението на клубот.
Според обвинителството, Бенфика за симболична сума испраќала свои фудбалери на позајмица во Сетубал, а за возврат Виторија и пуштила два натпревари да победи Бенфика.