Капитенот на Арсенал Гранит Џака направи скандал во натпреварот против Кристал Палас во неделата (2:2).
Арсенал не успеа да го совлада Палас на својот стадион и тоа само по себе немаше да биде толку лошо ако не се случеше инцидентот со Џака.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Репрезентативецотн а Швајцарија им возврати на навивачите при излегувањето од игра. Тој ги провоцираше навивачите кои го критикуваа, а потоа одби да се ракува со Унаи Емери, го соблече дресот и замина во соблекувалната од каде што го напуштил стадионот уште пред натпреварот да заврши.
Скоро невозможно е да се верува дека Џака ќе остане капитен на Арсенал после овој скандал, но се поставува прашањето дали воопшто за него ќе има место во Арсенал.
Дека се случува нешто потврдува и потегот на Џака кој на социјалните ја мрежи ја промени профилната фотографија и место онаа во дресот на Арсенал сега има фотографија во дресот на Швајцарија.