Шест дена пред натпреварот од третото коло во Лигата на Европа помеѓу Скендербег и Партизан дефанзивецот на албанскиот шампин, Бајрам Јашаница даде скандолзна изјава која нема никаква врска со фудбалот.
Шампионот на Србија наредниот четврток му гостува на Скендербег во рамките од третото кол ово Групата „Б“ во најмасовното европско натпреварување.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дефанзивецот на Скендербег, Бајрам Јашаница, иначе репрезентативец на Косово порача дека натпреварот против Партизан за него има посебно значење, но не поради фудбалски мотиви.
„Пред натпреварот со Партизан играме против Лушњо во првенството и прво треба да размислуваме за овој натпревар. Додека натпреварот против Партизан секако ќе биде посебен натпревар. Сеуште се сеќаваме што правеа Србите во Косово“, изјави Јашаница.
Доколку се земе предвид што се се случуваше во двомечот помеѓу Србија и Албанија во текот на квалификациите на Европското првенство, јасно е дека ваквите провокации се очекувани.
Сепак, тажно е што спортистите си даваат за право на ваков начин да најавуваат еден фудбалски натпревар.