Дома Фудбал Англија Си собра милиони за разочарувачката сезона, па сега им се извинува на навивачите (ФОТО)

Си собра милиони за разочарувачката сезона, па сега им се извинува на навивачите (ФОТО)

Maнчестер Јунајтед ја заврши една од најлошите сезони во историјата на овој клуб, а сега клубот ќе мора добро да го одработи преодниот рок за навивачите да не доживеат уште едно разочарување.

„Црвените ѓаволи“ на најлош начин ја завршија оваа сезона бидејќи беа поразени пред своите навивачи од Кардиф кој се прости од Премиер лигата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед така им приреди разочарување на навивачите за крај на сезоната кои се бесни поради резултатите на клубот во последната година.

Јасно е дека пред Јунајтед е турбулентен период во кој промени се и тоа како потребни.

Пред се тоа се однесува на играчкиот кадар кој не може да ги задоволи очекувањата, а во екипата има неколку преплатени фудбалери и невозможно е да има добра атмосфера.

Еден од оние од кои многу се очекуваше, а премалку покажаа беше Алексис Санчез кој пристигна како големо засилување од Арсенал и доби договор според кој заработува 500.000 фунти неделно.

Сега Санчез преку неговиот Инстаграм профил испрати извинување до фановите.

„Им се извинувам на навивачите на Јунајтед што не ги исполнивме целите и што играв многу полошо отколку што се моите можности. Имав многу повреди и ова беше долга и тешка сезона за мене. Навивачите заслужуваат извинување бидејќи секогаш беа тука да ни дадат поддршка. Новинарите и луѓето за мене зборуваа се и сешто, но ништо од тоа не е вистина. Секогаш бев голем професионалец и така ќе остане. Сигурен сум дека Манчестер Јунајтед еден ден ќе биде оној стариот како во времето на Сер Алекс Фергусон“, порача Санчез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Билд: Ова е тајниот список на Баерн со играчи кои сакаат да ги донесат

Во тековната сезона, за прв пат по 12 години, Баерн остана без ниту еден трофеј. Во Бундес…