Дома Фудбал Англија Си потроши повеќе од „стотка“, неговиот тим е последен и кога треба да се работи тој си „летна“ дома!?

Си потроши повеќе од „стотка“, неговиот тим е последен и кога треба да се работи тој си „летна“ дома!?

wast ham

Навивачите баш и не можат да ја разберат ситуацијата во клубот.

Новиот менаџер на Вест Хем, Мануел Пелегрини доби одврзани раце во летниот преоден рок и потроши повеќе од 100 милиони фунти, но резултати нема.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Вест Хем сезоната ја започна со четири порази, а постигнаа само два погодоци и примија дури 10, она што најмногу ги загрижува навивачите е катастрофалната игра.

Сопствениците наводно имаат разбирање за новиот менаџер, посебно бидејќи тие толку многу го посакувааа во тимот и се надеваат дека нивниот тим ќе започне да игра според очекувањата, но кога ќе се погледне ростерот Пелегрини не смее да си дозволи неговиот клуб да се бори за опстанок.

Навивачите очекуваат паузата за репрезентативните настапи Пелегрини да ја искористи за подобро да го припреми тимот, но тој си одлете во Чиле да се види со семејството. Сите играчи кои немаат репрезентативни обврски добија мини одмор од неколку дена, па на тренинзите ќе се вратат кон крајот на неделата.

Навистина збунувачка ситуација…Да, неговото семејство е во Чиле, но сигурно дека ова не е баш најдобар момент за да го напушти Лондон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Англичаните стравуваат: Кејн се мачи со повреда пред Европското првенство

Напаѓачот на англиската репрезентација и Баерн Минхен Хари Кејн (30) мака мачи со повреда …