Дома Фудбал Останато „Си биле Нигериец, Грузиец и Македонец – и го водат Наполи кон Скудето“

„Си биле Нигериец, Грузиец и Македонец – и го водат Наполи кон Скудето“

Наполи се наоѓа на добар пат да го освои Скудетото во Серија А, а главни фудбалери се Виктор Осимен, Кварацхелија и Елиф Елмас, иако во минатото во Неапол доминирале играчи од Јужна Америка.

Италијанскиот новинар Паоло Зиалини се пошегува и кажа дека токму овие тројца го водат Наполи кон трофејот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Си биле Нигериец, Грузиец и Македонец, делува како шега, но тие го водат Наполи кон скудетото. Во минатото најголемо влијание имаше јужноамериканскиот стил.

Марадона сам ја водеше екипата до титули, но сега ситуацијата е различна“, вели новинарот.

Зиалини во продолжение направи и споредба на таа генерација на Наполи и денешната.

„Нигериец (Осимен), Грузиец (Кварацхелија), Македонец (Елмас), Словак (Лоботка), Косовец (Рахмани), Камерунец (Ангиса)... Јужноамериканци има во Наполи, Лозано (Мексико), Симеоне (Аргентина) и Жуан Жесус (Бразил), но тие се резерви“, истакна Зиалини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Заслужено: Ријека казнета поради навредите кон Ристовски!

Дисциплинската комисија на фудбалското првенство во Хрватска денеска ги соопшти казните за…