Капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер синоќа беше приведен од полицијата на грчкиот остров Миконос, а сега се откриваат детали.
Мегваер на островот се забавувал заедно со пријателите и имал жесток расправа со друг Британец па полицијата морала да интервенира.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Ројтерс“ пренесува дека ситуацијата е сериозна бидејќи Мегваер физички нападнал еден од полицајците.
Мегваер и други две лица најпрво вербално, а потоа и физички ги нападнале органите за спроведување на редот и мирот.
„Фудбалерот го навредувал, а потоа и физички го нападнал полицискиот службеник“, стои во полицискиот извештај.
Мегваер и двајцата пријатели ќе бидат префрлени во истражниот затвор на островот Сирос, каде против нив ќе биде покренато обвинение.