Дома Трансфер зона Ситуацијата со Иско го вклучи „аларамот“ кај два европски гиганти

Ситуацијата со Иско го вклучи „аларамот“ кај два европски гиганти

Конфликтот со Солари ги вклучи „алармите“ кај клубовите кои и претходно покажуваа интерес за услугите Иско.

Ако Иско го напушта Мадрид, барем засега во прв план се истакнуваат Манчестер Сити и Јувентус.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер е во лош однос со тренерот Солари кој не сметаше на него за натпреварот против Рома. На снимката од моментот кога Иско дозна дека нема да биде во тимот можеше да се забележи дека воопшто не е среќен.

Иско изминатиот викенд после катастрофата против Еибар и поразот од 3:0 одбил да се ракува со Солари, а одговорот на стратегот на Реал беше изоставување за натпреварот против Рома.

Ваквата ситуација ги алармираше Јувентус и Манчестер Сити кои веќе се обидуваа да го доведат Иско. Пеп Гвардиола е голем фан на играта Иско и смета дека асот на Реал одлично би се вклопил во неговиот систем.

Реал засега ги одбиваше понудите, но ситуацијата сега е променета.

https://www.youtube.com/watch?v=du8oRCNyQG0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…