Дома Фудбал Англија Сити со една нога во финалето на Лига Купот! (ВИДЕО)

Сити со една нога во финалето на Лига Купот! (ВИДЕО)

Вечерва Манчестер Сити си создаде предност пред реваншот со Јунајтед Лига Купот со победа од 1:3.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Од самиот старт Сити беше подобриот тим на теренот, а првиот гол дојде во 17. минута кога Бернардо Силва погоди со удар од далечина. Продолжи Сити да напаѓа, па после половина час игра Марез зголеми на 0:2. Шест минути подоцна веќе беше 0:3, автогол си постигна Переира.

Во второто полувреме Сити ја смири играта и стигна до победата, Јунајтед успеа само да го ублажи поразот откако Рашфорд погоди после една контра.

Ако се се собере се добива впечаток дека Јунајтед може да биде и задоволен со овој резултат иако јасно е дека во реваншот на гости ќе им биде и тоа како тешко.

Реваншот се игра на 29. јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шкендија се раздели со Јетон Беќири!

Вицешампионот на Македонија, Шкендија, денеска официјално потврди дека ја завршува соработ…