Дома Трансфер зона Сити не престанува да се засилува: Пристигнува одличниот напаѓач за 120 милиони евра?

Сити не престанува да се засилува: Пристигнува одличниот напаѓач за 120 милиони евра?

Манчестер Сити е во борба за нова титула во Англија, но „Граѓаните“ никако да не направат чекор во Лигата на Шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој пат, во четвртфиналето го спречи Тотенхем, па Гвардиола уште размислува за засилување на екипата за следната сезона и годините кои доаѓаат. Наводно, „Граѓаните“ сакаат да го доведат одличниот млад играч на Бенфика, Жоао Феликс.

Овој 19-годишен играч е желба на многу европски гиганти. Сепак, се шпекулира дека Реал Мадрид се откажал од борбата за неговиот потпис поради високата цена, исто како и Јувентус. Меѓутоа, португалските медиуми сега тврдат дека Манчестер Сити е подготвен ова лето да ја исплати неговата огромна откупна клаузула и да го доведе во своите реодви. Станува збор за сума од 120 милиони евра.

Инаку, Феликс има договор со Бенфика до летото 2023. година. Жоао Феликс оваа сезона одигра 38 натпревари за Бенфика во сите натпреварувања, постигна 16 гола и запиша девет асистенции. Успеа да запише хет-трик во Лигата на Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…