Дома Трансфер зона Сити не запира со засилувањата: Пристигнува нов голман

Сити не запира со засилувањата: Пристигнува нов голман

Манчестер Сити во следната сезона ќе влезе со нов голман.

Граѓаните го договориле трансферот на Бразилецот, Едерсон од Бенфика кој со трансферот на „Етихад“ ќе стане најскапиот голман на сите времиња. Манчестер Сити за неговите услуги ќе издвои дури 45 милиони фунти, и овој 23-годишен голман ќе го собори рекордот на Џанлуиџи Буфон од 2001. година, кога Јувентус на Парма и плати 33 милиони фунти.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Едерсон утре ќе пристигне во Манчестер на лекарски прегледи, а потоа би требало да потпише долгогодишен договор со „Граѓаните“. Со тоа, Едерсон ќе стане второто засилување на Сити за новата сезона, претходно пристигна Бернандо Силва од Монако.

Едерсон е репрезентативец на Бразил, но во гигантот од Лисабон пристигна уште како 16-годишен. Бранеше за младинските категории, а беше и на позајмица во Рио Аве.

Неговото пристигнување дополнително ќе ја засили конкуренцијата на англискиот клуб, а минатата сезона Клаудио Браво и Вили Кабаљеро наизменично ја имаа улогата прв голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…