Раководството на Манчестер Сити е подготвено да го понуди Џек Грилиш на Милан во замена за португалската ѕвезда Рафаел Леао.
Најголема желба на Гвардиола е најдобриот играч од Серија А и ѕвезда на Милан, Рафаел Леао.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Милан не сака лесно да се откаже од Португалецот, па поради тоа „граѓаните“ се спремни покрај кеш да го понудат и Џек Грилиш.
Гвардиола е незадоволен од настапите на Гралиш, кој во 2021 година беше платен на Астон Вила над 100 милиони евра.
Доколку Леао не стави потпис на нов договор, тогаш Милан е спремен да ја прифати понудата.