Maнчестер Сити вчера успеа да дојде до важни три бода со пресврт против Тотенхем.
Водеа „петлите“ 2:0 по првите 45 минути и изгледаше дека Конте и неговите избраници можат да слават. Сепак Сити во вториот дел со двата гола на Марез и по еден на Алварез и Халанд направи пресрт.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, Гвардиола на прес-конференцијата по натпреварот покажа дека не е задоволен.
„Се ни фалеше. Желба, страст, желба да победиме од првата минута. Исто беше и со навивачите, тивки беа 45 минути. Ги сакам своите навивачи назад. Далеку, далеку сме од тоа да бидеме на највисоко ниво. Имаме ривал како Арсенал кој гори од желба, Две децении не ја освоија ПЛ.
Не го препознав својот тим кој претходно имаше страст и желба да трча. Далеку сме од тимот кој го имавме во претходните сезони. Дали мислите дека ваков пресврт може да се случи секогаш? Не. Имавме среќа денес. Ако сакаме да освоиме нешто мораме многу подобро“.
Пеп сепак имаше и пофалби за Марез.
„Ријад Марез, каков играч. Пред Светското првенство како да беше на одмор. Сега се врати. Меѓутоа пак ќе повторам со игра како денес нема да ја намалиме разликата против Арсенал. Арсенал ќе не уништи ако играме како денес“, изјави Гвардиола.