Манчестер Сити нема намера да го враќа Џејдон Санчо. Англискиот репрезентативец блеска за Борусија Дортмунд и го привлече вниманието на водечките екипи на Островот.
Германците се подготвени да се разделат со Санчо за понуда од 100 милиони фунти, но немаат намера тоа да го сторат тоа во јануари. „Граѓаните“ имаат опција да се вклучат во битката за Санчо, кого го продадоа за само 8 милиони фунти во 2017 година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Постои клаузула во договорот помеѓу Сити и Борусија која им овозможува на „граѓаните“ да бидат фактор во иднината на играчот. Доколку Дортмунд прифати понуда за одредена сума, тие се должни да го известат Сити, кој може да ја израмни понудата и да го врати играчот.
Клубот на Гвардиола е подготвен да земе фудбалер на оваа позиција, бидејќи преговорите со Лерој Сане за нов договор беа неуспешни и Германецот, кој во моментов е повреден, најверојатно ќе го напушти „Етихад“. Сепак, Санчо не е на списокот на Пеп Гвардиола.
За потписот на Санчо ќе водат битка Манчестер Јунајтед, Арасенал, Челзи и Ливерпул