Дома Фудбал Англија Сити завршува со стопер и соборува светски рекорд!

Сити завршува со стопер и соборува светски рекорд!

Беше многу прометно на „Итхад“ ова лето, Пеп Гвардиола ги „пресоблече“ боковите, ги донесе Менди, Вокер и Данило наместо Коларов, Сања и Клиши, кои заминаа, но тоа не е се кога е во прашање одбраната.

Позната е информацијата дека Каталонцеот го сака Џони Еванс, но Тони Пјулис не сакаше да чуе да го пушти некогашниот стопер на Манчестер Јунајтед, меѓутоа, англиските медиуми пренесуваат дека „Граѓаните“ ќе ја засилат понудата за да ја убедат управата и менаџерот на ВБА да се предомислат и успеаа во тоа се чини!


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Според последните информации, Манчестер Сити потрошил близу 200 милиони фунти само за дефанзива во овој преоден рок. Менди е платен 51,75 милиони фуни. Вокер 45,9, Данило 27, а голманот Едерсон 36.

Интересно, „Граѓаните“ во овој трансфер го соборија светскиот рекорд кога се во прашање потрошените пари за засилувања во преоден рок.

Соборен е рекордот на Реал Мадрид од 2009. година, кога Флорентино Перез ги купи, Роналдо, Кака, Бензема, Алонсо, Лабиол, Негреда, Арбелоа и Гранер и потроши повеќе од 257 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ништо од Милан: Лопетеги се врати во Премиер лигата

Хилиен Лопетеги се поврзуваше со Милан, но на крајот се врати во Премиер лигата, Шпанскиот…