Дома Фудбал Англија Сити доминира во последната деценија во ПЛ, овие бројки го докажуваат тоа (ФОТО)

Сити доминира во последната деценија во ПЛ, овие бројки го докажуваат тоа (ФОТО)

Откако се одиграа последните натпревари во Премиер лигата за 2019 година Англичаните започнаа да ги собираат бројките во изминатата деценија.

Деценијата во Англија помина во знакот на Манчестер Сити кој успеа да освои четири шампионски титули (2012, 2014, 2018 и 2019), Челзи три пати се радуваше Јунајтед два пати и Лестер еднаш.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Ако се направи една табела од 2010 до денес прв бил Манчестер Сити со 818 бодови, дури 71 повеќе од Јунајтед и 78 од Челзи на третата позиција.

И кај индивидуалните бројки доминираат играчи на Сити. Серхио Агуеро од 2011 година постигна најмногу голови, 174. Зад Аргентинецот е Хари Кејн, па потоа следува Вејн Руни.

Асистент на деценијата е Давид Силва кој во Сити пристигна во 2010 година и од тогаш запиша 89 асистенции. Силва далеку зад себе го остави Ериксен со 62 и соиграчот Де Брујн со 58. Силва е прв и кога во прашање се креираните шанси за гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познат терминот за Мундијалот за жени во 2027 година

Бразил во мај ја победи заедничката кандидатура на Германија, Белгија и Холандија за домаќ…