Дома Македонски спорт „Беше уживање да се гледа Македонија, направија нешто што на Балканот секогаш е проблем“

„Беше уживање да се гледа Македонија, направија нешто што на Балканот секогаш е проблем“

Пофални зборови за Македонија пристигнуваат од сите страни, сега за пласманот на Македонија ЕП зборуваше коментаторот кој работи за „Спорт клуб“, Владимир Новаковиќ.

Новаковиќ важи за еден од најдобрите фудбалски коментатори на Балканот и човек кој добро ја познава суштината на фудбалската игра. Во емисијата која беше посветена за неуспехот на Србија во полуфиналето против Шкотска во еден дел тој испрати големи пофалби зборуваше за Македонија и селекторот Игор Ангеловски.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Горан Пандев е фудбалска икона во Македонија. Во минатото Македонија имала навистина спектакуларни фудбалри, меѓутоа од 1995 до сега нивна најголема ѕвезда е Пандев. Тука е и селекторот Игор Ангеловски кој е тивок и мудар. Имаат одлична млада генерација која пред неколку години успеа да се пласира на ЕП до 21 година. Тие направија еден систем и беше само прашање на време кога ќе се пласираат на некое Европско првенство. На селекторот никој не му се мешаше и тој си ја работеше неговаа работа, а тоа е она што ни фали на нас. Направија и нешто што е тешко Балканот, успеаа да соединат две етнички групи. Изгледаат како едно, во полуфиналето тоа најдобро се виде сите изгинаа на теренот. Навистина е уживање да се гледа како сите заедно се радуваат. Сигурно дека ќе навиваме сите за нив“, зборува Новаковиќ.

Делот во кој зборува за Македонија можете да го видите на 24:00 минута од видеото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Нов обложувачки скандал: Пакета обвинет дека намерно добивал картони

Фудбалската асоцијација на Англија го обвини играчот од средниот ред на Вест Хем, Лукас Па…