Дома Фудбал Сите се чудеа, Ван Бастен го прогласи за ГЛУП – Но, тој донесе вистинска одлука!

Сите се чудеа, Ван Бастен го прогласи за ГЛУП – Но, тој донесе вистинска одлука!

Некои одлуки во животот на почетокот може да изгледаат глупаво и нелогично, но со тек на времето тие работи може и да се променат, така е и во фудбалот.

Хаким Зијех уште во 2015 година избра да настапува за репрезентацијата на Мароко, Холанѓаните се обидуваа да го убедат да ја промени одлуката, но немаа успех.

Овој фудбалер за врска на Ајакс беше еден од клучните фудбалери во репрезентацијата на Мароко која обезбеди пласман на Светското првенство во Русија, а медиумите потсетија на изјава на Ван Бастен посветена за овој фудбалер.

„Колку можеш да бидеш глуп да ја избереш репрезентацијата на Мароко, а можеш да бидеш во конкуренција за националниот тим на Холандија?, изјави Ван Бастен пред една година.

Но, оваа негова одлука сега се покажа како одлична, Мароко е на Светското првенство, Холандија не е.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул следи дефанзивец од 100 милиони евра, но неговиот сон е Реал

Лука Вушковиќ е на списокот на Ливерпул за следното лето. Брајтон го има под договор до 20…