Вардар во недела го игра дербито со Шкендија во македонското првенство, а од Вардар пренесуваат дека на овој натпревар бесплатно ќе можат да влегуваат навивачите кои имаат сезонски билет за РК Вардар.
„Ги известуваме сите љубители на фудбалот, кои поседуваат влезни сезонски билети за РК Вардар, дека може да присуствуваат на натпреварот без никаков надомест.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Билет за мечот чини 100 денари, и ќе се продава на билетарницата на Арената „Тодор Проески“ пред натпреварот.
При секое купување на билет, ќе мора да биде покажен документ за лична идентификација (лична карта, пасош). Важи правилото една лична карта – еден билет.
Со оглед дека натпреварот е прогласен за меч од висок ризик, нема да биде дозволен влез за гостински симпатизери“, стои во соопштението од Вардар на официјалната страна на клубот.