Дома Фудбал Останато Сите играчи на Нант утре „ќе бидат“ Сала!

Сите играчи на Нант утре „ќе бидат“ Сала!

Eкипата на Нант утре вечер ќе го игра првиот натпревар од исчезнувањето на Емилијано Сала.

Сала беше најдобриот фудбалер на оваа екипа во досегашниот дел од сезоната. Во овој преоден рок тој договори трансфер во Кардиф со кој и потпиша договор. Меѓутоа се врати во Нант да се поздрави со своите поранешни соиграчи. За жал на враќањето од Нант кон Кардиф авионот кој го управуваше Дејв Иботсон исчезна од радарот.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Откако полицијата после три дена потрага ја прекина потрагата фудбалерите и тренерите собраа 300.000 евра за истрагата да продолжи.

Сите луѓе кои работат во Нант се уште не губат надеж и не сакаат да поверуваат дека Сала повеќе не е помеѓу живите.

Од клубот сега ја известија јавноста дека утре во натпреварот против Сент Етјен сите играчи ќе носат дресови со презимето на Сала, а под името ќе има порака „Анимо Еми“, што во превод од шпански значи храброст. Негов портрет ќе стои на средината на игралиштето пред почетокот на мечот, а навивачите кои ќе сакаат подоцна кога истиот ќе биде преместен покрај теренот ќе можат да оставаат пораки.

Исто така во текот на загревањето на фудбалерите на големиот екран ќе се прикажуваат најдобрите потези на Сала во дресот на Нант, а при влегувањето на играчите на теренот нема да има музика.

Натпреварот на Нант се игра утре од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…