Во Барселона вчера настана голема паника откако се дозна дека Нелсон Семедо ги прекршил правилата кои се на сила поради коронавирусот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Семедо бил на забава во еден ресторан во Барселона на која имало преку 20 луѓе. Во Шпанија групирањето се уште е забрането, а Семедо сигурно ќе биде парично казнет.
Со својот потег дополнително ги налути челниците на клубот и ја доведе екипата во опасност. Поради тоа во текот на вчерашниот ден сите играчи и членови на првиот тим биле уште еднаш тестирани.
Мундо Депортиво синоќа објави дека за среќа нема заразени во екипата на Барселона пред саботниот натпревар против Мајорка.