Дома Фудбал Лига на шампиони Сите зборуваат за раката на Љоренте, но требаше ли да биде поништен голот на Стерлинг? (ВИДЕО)

Сите зборуваат за раката на Љоренте, но требаше ли да биде поништен голот на Стерлинг? (ВИДЕО)

Вчера беше одиграно спектакуларно четвртфинале во кое Манчестер Сити го победи Тотенхем со 4:3, но поради головите на гости Тотенхем обезбеди полуфинале против Ајакс.

Големо внимание привлече голот и играњето со рака на Фернандо Љоренте. Љоренте според многумина играше со рака и тој самиот го призна тоа.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Меѓутоа уште една ситуација привлече внимание која можеби малку остана во сенка на голот на Љоренте, тоа погодокот на Стерлинг во судиското продолжение.

Ериксен ја врати топката назад, таа го погоди Силва и стигна до Агуеро. После реакцијата на ВАР судијата го поништи погодокот и така му овозможи на Тотенхем да се пласира во полуфиналето.

Е, сега какво е правилото на ФИФА?

Имено, според правилата на светската организација пред топката да стигне до играчот (Агуеро) се смета секој допир на негов играч(без разлика дали е случаен). Според ова значи дека Чакир постапи правилно со поништувањето на голот.

Ова е само уште еден од многуте докази до сега дека ВАР му е потребен на фудбалот.

https://www.youtube.com/watch?v=aGqtx12cVtE&fbclid=IwAR2IZ0GrTVw2aqGB5n1kD43rws2cS1vkjccEk8w0vpcxyWdVMc85SRJxaCo

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

ФИФА објави: Мундијалот во 2030 во шест земји, Саудиска Арабија ќе биде домаќин во 2034 година

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објави каде ќе се одржуваат Светските првенства во …