Дома Фудбал Сите зборуваат за голот на Меси, но вчера класа покажа и Санти Казорла (ФОТО)

Сите зборуваат за голот на Меси, но вчера класа покажа и Санти Казорла (ФОТО)

Виљареал и Барселона вчера одиграа спектакуларен натпревар кој заврши со резултат 4:4.

Натпреварот донесе многу убави потези и голови, а посебно се издвојуваат оние Екамби, Меси и Суарез.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓутоа, дефинитивно може да се каже дека најдобар играч на вчерашниот натпревар беше Санти Казорла. Овој играч уште во 2016 година додека играше во Арсенал претрпе тешка повреда поради која не играше вкупно 636 дена.

https://www.youtube.com/watch?v=scqYtBKyIcQ

Казорла се здоби со повреда на ахиловата тетива и имаше вкупно десет операции вклучувајќи ја и онаа во која му пресадуваа кожа од раката на повредената нога, а кожата беше земена од раката на која Казорла го имаше истетовирано името на својата ќерка, така сега некои букви од нејзиното име завршија на ногата на Казорла.

Играчот на Виљареал пред два месеци беше двоен стрелец во ремито на својот тим против Реал Мадрид (2:2), а вчера повторно воодушеви.
Казорла имаше 44 успешни додавања од вкупно 49 обиди, креираше осум прилики за гол од кои пет беа од игра и асистираше за четвртиот гол на Виљареал.

Кога на сето ова ќе се додаде дека Шпанецот има 34 години тогаш неговата претстава добива дополнително на значење.

Својата кариера Казорла ја започна токму во Виљареал за потоа да го носи дресот уште на Рекреативо Хуелва, потоа повторно се врати во Виљареал, па настапуваше за Малага и Арсенал пред и по трет пат да заигра„жолтата подморница“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Уште еден интересен викенд е пред нас – ќе гледаме и „Ел Класико“! 🎥

Уште малку има до крајот на сезоната. Некаде се знаат шампионите, некаде се уште има борба…