Повеќе нема дилеми, турскиот голем талент, Арда Ѓулер ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“, се е договорено и наскоро трансферот би требало да се комплетира.
Ѓулер во наредните денови би требало да биде официјално промовиран како нов играч на Реал Мадрид. „Кралевите“ за овој трансфер ќе платат сума од 20 милиони евра како оштета, плус бонус и додатоци. Покрај оваа сума, Реал Мадрид ќе исплати и провизија на агентот на Ѓулер, односно неговиот татко.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Фенербахче договори и 20% од сумата од следната продажба на Ѓулер. Претходно се шпекулираше дека ќе му се придружи на Реал во 2024, но турскиот фудбалер ќе пристигне на „Бернабеу“ ова лето.
Договорот кој го потпиша е со важност на шест години. Ѓулер важи за нејголем турски талент во овој момент и дел од јавноста му предвидува дури и да стане најголем турски фудбалер на сите времиња, има само 18 години и допрва би требало да се покаже.