Дома Фудбал Англија Сите го критикуваат, Сари се брани: Не измислувајте лаги, тоа воопшто не е наш проблем

Сите го критикуваат, Сари се брани: Не измислувајте лаги, тоа воопшто не е наш проблем

Италијанскиот стратег Маурицио Сари се наоѓа во големи проблеми бидејќи Челзи игра во очајна форма во последните недели и се повеќе се пишува дека ќе добие отказ.

Челзи во понеделникот на свој терен доживеа пораз од Манчестер Јунајтед и така се прости од ФА Купот, а навивачите играчите на својот тим и посебно Сари ги испратија со свирежи. Англиските медиуми на големо шпекулираат дека Роман Абрамович веќе бара замена.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тука можете да прочитате за листата од пет кандидати кој се појави медиумите.

Исто така Сари доби големи критики поради стилот на игра и многумина тврдат дека токму тоа е најголемиот проблем на овој тим. Сепак, на денешната прес-конференција Сари застана во одбрана на својот стил.

sari

„Многу добро ги знам нашите проблеми и каде ги губиме натпреварите. Кога губиме знам дека морам да ставам напаѓач во игра, а кога водиме дефанзивец и не ми требаат такви совети од никого. Го критикувате стилот на игра кој воопшто не е наш проблем. Тоа е лажен проблем кој го измислија оние кои не ме поддржуваат. Ние играме добро, но изостанува завршницата и мораме да работиме на тоа“.

„Ни недостасува фудбалер кој е дефанзивен играч за врска и кој може брзо да ја изнесе топката – да испрати клучно додавање. Тоа не е главната причина што Канте игра на таа позиција. Разбирам дека навивачите се фрустрирани поради резултатите, но мораат да разберат дека кога имаме проблем мораме да се држиме заедно, а не да се напаѓаме“, изјави Сари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Неочекувани проблеми за Баерн. Новиот тренер мора да го купат за 15 милиони евра

Австрискиот тренер Ралф Рангник (65) е главен кандидат за преземање на Баерн. Томас Тухел …