Атлетико Мадрид не игра добро во оваа сезона и испадна од Лигата на шампиони, па почнаа силни критики кон тренерот Диего Симеоне.
Атлетико е во голем пад на резултатите во последно време, а и скапите засилувања како Жоао Феликс не ги оправдаа очекувањата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалот кој го игра Атлетико веќе долги години повеќе не дава резултати, па медиумите почнаа да го критикуваат Симеоне и се прашуваат дали е време за промена.
Симеоне има договор со Атлетико до 2024 година и е најплатен тренер во светот, а во клубот е од 2011 година.
Меѓутоа, раководството на клубот воопшто не размислува за промена и ќе му понуди нов договор на Аргентинецот.
Шпанските медиуми пренесуваат дека на Симеоне ќе му биде понудено продолжување на соработката до 2026 година.