Дома Македонски спорт Мак ракомет СИТЕ ВО САЛА! На новите момци им треба поддршка да испишат нова успешна историја!

СИТЕ ВО САЛА! На новите момци им треба поддршка да испишат нова успешна историја!

Денес за нас стартуваат квалификациите за Европското првенство во кошарка кое ќе се игра во 2021 година во Чешка, Грузија, Италија и Германија.

Македонија со подмладени сили ќе тргне да испишува нова страница, се надеваме успешна. Ние играме во групата „Б“ заедно со Естонија, Италија и Русија. Вечерва прв противник ќе ни биде Естонија. Овој натпревар се игра вечерва во 20:15 часот во А1 Арената „Борис Трајковски“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во овие квалификации Македонија влегува со нов селектор, нов стручен штаб и подмладен играчки кадар. Од помладите многу се очекува од Андреј Јакимовски и Ненад Димитријевиќ кој е истакнат и како еден од лидерите на оваа генерација.

Кошарката во последните години кај нас беше во еден пад, но сега има нова енергија која ни влева надеж дека можеме повторно да играме на еден голем турнир. Сите се сеќаваме на епската 2011 година кога Македонија на Европското првенство заврши како четврта во Европа.

Замислете пак вака да се радуваме…

После таа година следуваше еден константен пад, а кошаркарите во последните години играа и пред скоро празна сала. Вечерва да се надеваме дека нема да биде така. Да дојдеме во сала и да им покажеме на овие нови момци дека веруваме во нив, да им дадеме еден мотив плус да ни донесат радост!

Нов селектор, нов стручен штаб, нови момци – веруваме во нови радости! Сите во сала!

Составот со кој ќе играме: Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски Ненад Димитријевиќ, Марко Симоновски, Андреј Магдевски Кристијан Николов, Андреј Јакимовски, Стојан Ѓуроски, Шејн Витингтон, Андреј Маслинко, Бојан Крстевски и Љубомир Младеновски.

Пишува: Стефан Даскалов

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…