Дома Топ вести Синоќа блескаше против Реал, а денес Барселона призна: Го сакаме!

Синоќа блескаше против Реал, а денес Барселона призна: Го сакаме!

Претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу призна дека клубот сериозно размислува за ангажман на 19-годишниот дефанзивец на Ајакс, Матијас де Лихт.

Како што е познато Каталонците веќе го купија неговиот соиграч и сонардоник Френки де Јонг за 75 милиони евра и тој од лето ќе се пресели на „Камп Ноу“.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


19-годишниот Холанѓанец важи за еден од најперспективните дефанзивци во Европа и е голема желба на Барселона, како и на клубовите од Премиер лигата, Јувентус, Реал Мадрид и Атлетико.

„Трансфер на Де Лихт? На крајот на месец март ќе ги правиме плановите за трансфер пазарот, но неговото име сигурно ќе биде на маса“, призна претседателот на Барселона, Бартомеу.

И покрај фактот што неговиот менаџер Мино Раиола преферира да го однесе својот клеинт во Јувентус, сепак Каталонците во овој момент се спремни да му понудат финансиски подобар договор.

„Калчомеркато“ тврди дека на крај пресудна може да биде желбата на играчот, чии прв избор е токму Барселона.

Ајакс за слободата на Де Лихт бара најмалку 50 милиони евра, сума која Барселона нема да има проблем да ја плати. Притоа, познато е дека двата клуба имаат одлични односи што се покажа при трансферот на Френки де Јонг.

Во секој случај, иднината на Де Лихт ќе биде една од „најжешките“ теми во летниот трансфер период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тонали е примарна трансфер цел на Јувентус

Најголема желба на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде италијанскиот репрезентативец С…