Дома Фудбал Синот на Сетиен ги праша неговите крави дали Барса ќе ја освои ЛШ ?

Синот на Сетиен ги праша неговите крави дали Барса ќе ја освои ЛШ ?

Фудбалерите на Барселона се пласираа во четвртфиналето од Лигата на шампионите после победата против Наполи.

Каталонскиот клуб во петок го очекува четвртфинале во Лисабон против Баерн и тоа е најголемото дерби во оваа фаза. Пред заминувањето во Лисабон во центарот на вниманието се најде синот на Кике Сетиен. Имено, неговиот син Ларо отпатува на нивниот ранч каде што е познато дека Сетиен поминува многу време.

Тој на Инстаграм објави видео како ги прашува кравите дали Барселона ќе ја освои Лигата на шампионите.

„Тие знаат и ми кажаа дека ја освојуваме Лигата на шампионите“, порача синот на Сетиен на Инстаграм.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пред две години во втората лига на Андора, сега во нападот на Мексико!

Армандо Леон преку проба стигна до договор со Осиек, а со пет гола и две асистенции го при…