Дома Фудбал Останато Синот на легендата: Срцето вели Барса, но кој сум јас да му кажам не на Реал Мадрид

Синот на легендата: Срцето вели Барса, но кој сум јас да му кажам не на Реал Мадрид

justin

Џастин, синот на легендарниот фудбалер Патрик Клајверт излезе во јавноста со интересна изјава кога во прашање е неговата иднина.

Многумина сметаат дека Џастин Клајверт има капацитет да го надмине својот славен татко Патрик. Ова момче минатата сезона се појави на големата сцена во дресот на Ајакс како суперталент на кого му се предвидува блескава иднина.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Џастин постигна неколку спектакуларни голови и потврди дека „крвта не е вода“ и поради тоа неговото име се наоѓа во бележниците на скаутите на европските гиганти.

Во интервјуто за холандски „Хелден“, Клајверт јуниор изјави дека се уште е рано да замине од Ајакс, но призна дека сонува за тоа како изгледа неговата кариера во иднина.

Сонува за игра за Барселона, клубот каде што неговиот татко остави длабока трага кон крајот на минатиот и почетокот на овој век.

„Кога би го слушал срцето би ја избрал Барселона“, изјави 18 годишниот напаѓач на Ајакс.

Меѓутоа не ја исклучи ниту можноста за преселба во најголемиот ривал на Барселона, Реал Мадрид.

„Кој сум јас да му кажам не на Реал Мадрид? Барселона секако е моја желба, но секако дека ниту една опција не е исклучена“, зброуваше младиот Клајверт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фантастична вест за Гвардиола и Манчестер Сити: Родри се враќа побрзо од предвиденото?!

Екипата на Манчестер Сити поминува низ најголемата криза во клубот откако Пеп Гвардиола ги…