Дома Фудбал Синот на Агуеро со брутален коментар за Меси го понижи ПСЖ

Синот на Агуеро со брутален коментар за Меси го понижи ПСЖ

Бенџамин Агуеро, синот на Серхио Агуеро и внук на Диего Марадона остави коментар под објавата на ПСЖ за заминувањето на Меси.

Набрзо неговиот коментар стана вирален и собра повеќе од 125.000 лајкови и околу 2.000 коментари. Пари Сен Жермен на Инстаграм објави фотографија од Меси со благодарност за придонесот во клубот.

На оваа објава 14-годишниот Бенџамин искоментира:

„Беше преголем за вас“.

Тоа беше доволно да предизвика бурни реакции. Меси сезонава постигна 21 гол и подели 20 асистенции. Вкупно за клубот од Париз оствари учинок од 32 гола и 35 асистенции на 75 одиграни натпревари. Освои две титули во француското првенство и славеше во Суперкупот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристиќ ја отвори вратата кон Лига А: Македонија У17 останува во трката за ЕП

Македонија го победи Сан Марино со 1-0 и го обезбеди следниот квалификациски круг. Стефан …