Дома Фудбал Синиша Михајловиќ во посебна изолација поради коронавирусот

Синиша Михајловиќ во посебна изолација поради коронавирусот

Тренерот на Болоња Синиша Михајловиќ е ставен во посебна изолација поради коронавирусот.

Популарниот Миха со месеци наназад води голема битка против леукемијата и поради болеста спаѓа во ризичната група луѓе кои чесно можат да се заразат од коронавирусот.

Поради тоа лекарите го советувале Михајловиќ да замине во Рим, каде има помали размери на епидемијата отколку во северот и тоа го прифатил.

Така Синиша веднаш е ставен во посебна изолација и нема да има активности кои претходно ги имаше со клубот.

Да потсетиме, фудбалот во Италија е прекинат, а оваа држава е моментално во целосен карантин поради огромната епидемија од коронавирусот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…