Дома Фудбал Италија „Синиша знае дека може да живее уште 10 дена ама може и уште 30 години…“

„Синиша знае дека може да живее уште 10 дена ама може и уште 30 години…“

Од вчера во српските и италијанските медиуми актуелни се вестите за здравстената состојба на Синиша Михајловиќ.

Михајловиќ веќе три години се бори со леукемијата, а сега состојбата му се влошила.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во медиумите се појавуваат разни информации. Некои информаци гласеа дури и дека српскиот стратег е во кома, сепак тоа за среќа не е точно.

За состојбата на Михајловиќ сега за српски „Спортал“ зборуваше пријател на семејството кој сакал да остане анонимен.

„Во овој момент Синиша е во болница, свесен е и буден. Не е во кома како што се пишуваше, ниту пак бил во кома. Денес е подобро од вчера, завчера…Но, неговиот живот е во божји раце. Синиша знае дека може да живее уште 10 дена ама може и уште 30 години.

Болеста е таква. Свесен е за тоа, како и целото негово семејство. Тешко му е поради семејството, таков е тој, голем и во вакви денови повеќе се грижи за семејството отколку за себе“, изјавил пријателот на српскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фиорентина прв финалист во Лигата на конфереции🎥

Екипата на Фиорентина е првиот финалист во Конференциската лига, откако го елиминира белгс…