Освојувачот на македонскиот куп, Македонија Ѓорче Петров утре попладне ќе од 17:30 часот ќе игра против летонската РФС Рига, а на денешната прес-конференција тренерот Горан Симов го најави дуелот.
Летонците ќе ја имаат улогата на фаворити, но Симов верува дека неговиот тим може до поволен реузлтат.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Го анализиравме противникот и свесни сме за квалитетот кој го поседува Рига. Имаат голема дициплина и индивидуално се на високо ниво. Свесни сме дека немаат пораз, затоа мора да сме мудри и силни. Противник ќе ни биде и топлото време, но нив ќе им биде уште потешко. Секоја екипа има добри и лоши страни, а ние тие лоши страни ќе се обидеме да ги искористиме за поволен резултат“, изјави стратегот на „лавовите“.
РФС е 22 натпревари без пораз и капитенот Филип Мишевски смета дека е време тие да им го нанесат првиот.
„Мора да бидеме организирани и да дадеме сѐ од себе. Знаеме дека РФС нема пораз сезонава, па можеби е време ете во Скопје да го доживеат првиот“, изјави Мишевски.
Натпреварот се игра на тренинг-центарот на ФФМ, „Петар Милошевски“.