Силекс кој беше елиминиран во првото квалификациско коло во Лигата на шампионите, автоматски беше сместен во втората рунда во која ќе се соочи на домашен терен со косовската Дрита.
Кратовци немаа среќа во првото коло и добија силен противник, а тренерот Горан Симов не крие дека е задволен што ќе игра против Дрита.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Искрено Силекс имаше среќа. Ја респектирам Дрита, но Дрита не е Карабах или Астана која можевме да ја добиеме сега за противник во оваа фаза. Не знам многу за косовскиот тим освен фактот дека се прваци, дека таму тренер е Ардијан Нухиу и дека дресот го носат неколку македонски интернационалци. Можеме да се надигруваме и да се надеваме на пласман понатаму“, вели Симов.
„Мала предност е што ќе играме на домашен терен, ама може да се каже дека нашинците во редовите на косовскиот тим имаат повеќе натпревари на Арената во Скопје од нас. Како и да е, поволна ждрепка за Силекс, ама ќе видиме како ќе го искористиме тоа. На хартија добивме екипа со која може да се надигруваме, но мора да го сфатиме предизвикот сериозно“, додаде тренерот на Силекс.