Како што пренесуваат англиските медиуми, Атлетико Мадрид покажува сериозен интерес во своите редови да го донесе фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Хуан Мата.
Искусниот 30 годишен играч за врска според последните информации ќе се врати во Ла Лига и да потпише договор со Атлетико Мадрид.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Договорот на Мата со Јунајтед истекува ова лето. Нема договор, ниту преголема желба за продолжување на соработката, па најверојатно ќе го напушти „Олд Трафорд“ како слободен агент ова лето.
Атлетико изгледа ќе биде неговата наредна дестинација. Преговорите веќе се започнати и двете страни се блиски до комплетирање на договорот.
Шпанскиот фудбалер после пет ипол години ќе го напушти „Олд Трафорд“. Во клубот пристигна во јануари 2014 година од Челзи за нешто повеќе од 37 милиони фунти и со „црвените ѓаволи“ освои четири трофеи.
Меѓутоа, Мата баш и не се прослави на „Театарот на соништата“. Го носеше дресот на овој тим во тешки моменти и тоа наводно е една од главните причини што нема да има продолжување на соработката.
Се поврзуваше 30 годишниот играч за врска во претходните месеци и со Барселона. Сепак, на крајот сепак го избрал Атлетико и после осум години тој ќе се врати во Шпанија.
Интересно е што Мата играше и за младинските категории на Реал Мадрид. Шанса во првиот тим никогаш не доби, а вниманието на европската јавност ја привлече кога го носеше дресот на Валенсија.