Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне беше самокритичен на пресконференцијата пред утрешниот дуел со Елче.
„Имаме фантастичен тим и четворица фудбалери кои играа во финалето на Светското првенство. Можеби тој, кој не прави се како што треба е тренерот. Јас сум тој кој треба да се подобри, треба да го подигнам нивото“, изјави Симеоне.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Атлетико беше шампион во 2021 година, но оваа сезона сериозно заостанува зад Реал Мадрид и Барселона, а беше елиминиран во групната фаза во ЛШ.
"Tenemos un gran plantel, cuatro jugadores en la final del Mundial, quizá el que no esté dando todo es el entrenador. Tenemos un gran plantilla. Soy el que tengo que mejorar para que ellos puedan elevar su nivel"
— Habla Deportes (@HablaDeportes) December 28, 2022
🗣️ Diego Simeone. pic.twitter.com/p0Ai3gdIg4