Дома Фудбал Симеоне: Ако ја сакаме титулата мораме подобро

Симеоне: Ако ја сакаме титулата мораме подобро

Изгледаше дека Атлетико има сигурна предност на лидерската позиција во Ла Лига, но како што одминува времето Барселона и Реал Мадрид целосно се враќаат во игра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вчера Атлетико беше поразен од Севиља со минимални 1:0.

„Натпреварот беше тежок, тоа и го очекуивавме. Од 30. минута почнавме да играме подобро, но не создававме многу сериозни прилики. Мораме да продолжиме да работиме напорно и да се подобруваме, ако сакаме титула мораме подобро. Пред нас е една недела во која ќе ги имаме сите играчи на располагање, иако неколкумина се под суспензии за дуелот со Бетис. До крајот има уште девет натпревари и мораме добро да бидеме подготвени“, изјави Симеоне.

Атлетико сега е лидер со 66 освоени бодови, Реал втор со 63, Барселона трета со 62 бода и натпревар помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лампард ја доби наградата за успехот со Ковентри!

Тренерот на фудбалерите на Ковентри, Френк Лампард (48), потпиша нов договор, со кој се вр…