Убав гест од младиот играч за врска на Реал Мадрид.
Во моментите на големото славје на фудбалерите и навивачите на Реал Мадрид по повод 13-та титула шампион на Европа се издвојува еден убав гест на Дани Себалос, младиот 21 годишен играч за врска на „кралевите“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, Себалос преку Твитер испрати порака како поддршка до голманот на Ливерпул, Лорис Кариус кој со два кикса му овозможи на Реал да стигне до титулата.
„Падот е дозволен, станувањето е обврска. Само храбро, пријателу. Во фудбалот секогаш имаш втора шанса. Одиме!“, напиша Себалос.
На ова треба да се истакне и дека ако некој знае како е да немаш поддршка тогаш тоа е Себалос кој не се прослави во премиерната сезона во Мадрид.