Женската ракометна репрезентација на Македонија денес ја очекува натпревар во второто коло на Европското првенство и повторно за провник девојките ќе имаат силна репрезентација.
Поранешниот светски шампион Холандија ќе биде новиот противник на избраничките на Љубомир Савевски. За селекторот Љубомир Савевски Холандија е една од најсилните репрезентации во светот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Најмногу работиме на мотивацијата на ракометарките, важно е да имаме наш ден и голманот да биде на ниво, со поддршката од полна сала ќе се обидеме да изненадиме. Холандија ја победи Норвешка со 10 гола разлика и тоа доволно зборува против каква селекција ќе играме. Треба да сме објективни, но ќе се обидеме да ги изненадиме. Имаат многу брзи крила затоа ние ќе мораме многу да трчаме за да покриваме добро“, изјави Савевски.
Како и претходниот дуел во саботата и денес македонската репрезентација ќе игра од 18:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.
Фото: РФМ