Силекс убедливо ја совлада Брера со 4-0, Работнички одигра 1-1 на гостувањето кај Шкендија, Гостивар со 2-0 триумфираше над Шкупи.
Шкендија и Работнички во Тетово одиграа 1-1. На 0:0 Мазари не реализиера пенал, потоа Аломеровиќ си даде смешен автогол, но сепак Мазари стрешаше за 1:1.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Серијата на Силекс беше отворена уште во седмата минута кога Додев постигна гол, а потоа следуваше хет-трик на Марко Ѓорѓиевски.
Шампионот Струга Трим Лум ја совлада Беса со 1-0. Втор минимален триумф за тимот на Ќатип Османи, но и шест бода по две кола како единствена екипа во Првата лига.
Гостивар славеше против Шкупи со 2-0, а двоен стрелец беше турскиот интернационалец Алпер Потук.