Екипите на Силекс и Македонија Ѓ.П. ќе играат во финалето на фудбалскиот Куп на Македонија закажано за 20 мај.
Актуелниот бранител на трофејот Силекс, и екипата на Македонија Ѓ.П. ги добија полуфиналните средби и тоа на гостински терен против Пелистер и Струга Т.Л.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кратовци до финалето стигнаа со победата во Битола над Пелистер со 1-0 со голот на Каланоски во 36-минута.
Македонија Ѓ.П. до финалето стигна преку Струга Трим Љум, „Лавовите“ денска славеа на пенали со 4:2, откако во регуларниот дел натпреварот заврши без голови.
Финалето на Купот на Македонија е закажано за 20 мај на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.