Дома Фудбал Лига на шампиони Силва: Не сме фаворити во Лигата на шампионите

Силва: Не сме фаворити во Лигата на шампионите

silva

Mанчестер Сити на отварањето од Лигата на шампионите изненадувачки забележа пораз на „Етихад“ од Лион со резултат 2:1.

„Граѓаните“ доминираа во текот на целиот натпревар, имаа далеку поголем посед на топка и низа прилики, но гостите од Франција беа поефикасни и на крајот славеа со резултат 1:2.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поразот на Манчестер Сити изненади многумина, бидејќи тимот на Пеп е еден од првите фаворите за освојување на трофејот, иако така не смета офанзивецот на овој тим Бернардо Силва.

„Не сме фаворити како што можеби се смета. Манчестер Сити сака да слави во сите натпреварување во кои се натпреварува, па и во Лигата на шампионите, но свесни сме дека нема да биде лесно“.

„Имаме добар тим. Шампиони сме на Англија, меѓутоа Лигата на шампионите е нешто сосема друго, тука морате да покажете многу повеќе. Сега изгубивме, но ќе настојуваме да победиме веќе во следниот натпревар“, изјави Силва.

Ќе потсетиме, Манчестер Сити покрај Лион игра во група уште со Хофенхајм и Шахтјор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…