Дома Фудбал Италија Силва: Ибрахимовиќ поради мене го напушти Милан

Силва: Ибрахимовиќ поради мене го напушти Милан

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ се уште не донел одлука за тоа каде ќе ја продолжи својата кариера.

Ибрахимовиќ наредниот месец ќе биде слободен играч бидејќи му истекува договорот со ЛА Галакси. Неодамна и Ибра и Галакси потврдија дека договорот нема да биде продолжен.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според последните информации Ибрахимовиќ ќе се врати во Серија А. Милан, Наполи и Болоња беа клубовите со кои се поврзуваше, а во овој момент изгледа дека „росонерите“ се најголем фаворит.

Швеѓанецот со голем успех го носеше дресот на Милан од 2010 до 2012 година кога направи трансфер во ПСЖ. Сега на таа тема зборуваше поранешниот фудбалер на Милан и сегашен член на ПСЖ, Тијаго Силва.

Тој призна дека Ибрахимовиќ Милан го напуштил поради него.

„Ибрахимовиќ ме побара и ме праша дали е вистина дека одам во ПСЖ. Му кажав дека тоа е точно. Потоа само ми кажа: Ако ти не одиш во ПСЖ нема да одам ни јас. Ако ме лажеш ќе дојдам и ќе ти се одмаздам. Секако, за неколку дена двајцата трениравме како фудбалери на ПСЖ“, изјави Силва.

За две сезони во Милан Ибрахимовиќ одигра 85 натпревари, постигна 56 голови и запиша 24 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…