Дома Фудбал Останато Сидорф открива: Не заиграв таму како играч, па би сакал да работам како тренер

Сидорф открива: Не заиграв таму како играч, па би сакал да работам како тренер

Легендарниот холандски фудбалер, Кларенс Сидорф денес работи како селектор на Камерун, а сега открива дека еден ден би сакал да води некој тим од Премиер лигата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Сидорф како тренер започна да работи во јануари 2014 година кога го превзема тимот на Милан, потоа беше тренер на кинескиот Шензен и Депортиво Ла Коруња, пред да ја добие селекторската позиција во Камерун.

Тој во разговор за англиски „Скај Спорт“ порача дека еден ден би сакал да биде тренер во Премиер лигата.

„Кој не би сакал да работи во Премиер лигата? Никогаш како играч не заиграв таму, па би сакал да работам како тренер. Тоа во овој момент е највозбудливата лига во светот и сигурно дека за мене би било привилегија кога еден ден би работел таму“, порача Сидорф.

Ќе потсетиме, тој како тренер имаше прилика да игра во Холандија, Италија, Шпанија и Бразил, но не и во Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Поранешен европски шампион сака да потпише со Столе Димитриевски

Столе Димитриевски би можел да направи голем чекор во кариерата ова лето, откако сериозен …