Елиминацијата на Реал Мадрид од Лигата на шампиони беше капката која ја прелеа чашата во „кралскиот“ клуб, па некој мора да ја плати сметката.
Реал во само една недела доживеа елиминација од сите три натпреварувања, а особено болен беше поразот од Ајакс во Лигата на шампиони.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Веднаш после натпреварот имало кризен состанок помеѓу претседателот Флорентино Перез и раководството на кое присуствувале спортскиот директор Рамон Мартинес, извршниот директор Хосе Анхел Санчес и уште неколку директори.
На состанокот се одлучувало дали тренерот Солари веднаш да добие отказ, па неговото време на „Сантиаго Бернабеу“ е извброено.
Првите желби на Перез, Зинедин Зидан и Жозе Мурињо не сакаат да дојдат на кормилото на средина од сезоната, па „кралевите“ мораат да бараат привремено решение.
Според информациите кои ги објави „АС“, тоа би можел да биде Кларенс Сидорф. Холанѓанецот веќе имал средба со раководните луѓе на Реал Мадрид и се согласил да го води тимот до крајот на сезоната.
Сидорф беше дел од редовите на Реал Мадрид четири сезони од 1996 до 2000 година, а како тренер има искуство меѓу другото во Милан и Депортиво.
Real Madrid board considering Clarence Seedorf for interim coaching role until the end of the season. [AS] pic.twitter.com/hSh23uCxpn
— RMOnly (@ReaIMadridOnly) March 8, 2019